Утрински Весник
Свет

Во Србија повеќе од 2.000 новозаразени со коронавирус, 15 починати

Во Србија повеќе од 2.000 новозаразени со коронавирус, 15 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.830 лица за вирусот корона, од кои 2.014 биле позитивни, додека починале 15 лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 129 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Вчера повторно имаше речиси 2.000 заразени за еден ден, односно  1.960 од 10.458 тестирани лица, додека 13 починаа.

Денес е одржана седница на Кризниот шаб за борба против коронавирусот, на која е анализирана моменталната епидемиолошка состојба и врз основа на која потоа е одлучено сите постојни мерки да останат во сила, односно да нема отстапки.

Повеќе од 550.000 граѓани се вакцинирани во Србија, а утре пристигнуваат уште половина милион кинески вакцини против Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење