Утрински Весник
Свет

Грција влегува во нов бран од корона-пандемијата, Мицотакис свика итен состанок

Грчки медиуми: Поголем дел од туристите од Србија позитивни на ковид-19
Dik 300x250 mk

Атина веројатно повторно ќе влезе во строг карантин. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок за да ја процени епидемиолошката состојба во таа земја, информираат грчките медиуми.

„Мојата препорака до комисијата е да се оди на строго затворање, веројатно како минатиот март“, рече министерот за здравство на Грција, Василис Кикилиас, потенцирајќи дека оваа мерка е особено важна во областа  Атика.

Кикилас рече дека анализите што ги добиваат од надлежните комисии и епидемиолозите се загрижувачки и оти покажуваат дека Грција влегува во третиот бран на пандемија на коронавирус .

Помеѓу 24 и 30 јануари во Грција биле регистрирани 6.676 нови случаи, од кои 435 биле деца на возраст под девет години.

Мицотакис закажа средба со министерот за здравство, заменик-министерот за цивилна заштита, епидемиологот кој е шеф на надлежната комисија и претседател на Националната организација за јавно здравје, со цел да се процени епидемиолошката состојба во таа земја.

Инаку, Грција е во карантин од 7 ноември минатата година, а шест дена подоцна беше воведен полициски час.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки