Утрински Весник
Спорт

Кирјос пак правеше „шоу“ во Мелбурн, на крајот го „закачи“ и Ѓоковиќ

Кирјос пак правеше „шоу“ во Мелбурн, на крајот го „закачи“ и Ѓоковиќ

Дури и по неговите бизарни стандарди, Ник Кирјос имаше луд прв ден на Австралија опен, поминувајќи го првото коло, по што повторно се „закачи“ со Новак Ѓоковиќ.

Кирјос имаше лош старт на турнирот, губејќи брејк од португалскиот квалификанте Федерио Фереира Силва за да губи со 0:2, по што прво пцуеше, а потоа ги запраша луѓето во неговиот бокс: „Будни сте? Кажувате едно нешто цел гем. Сериозно, се разбудивте?“.

Како што продолжи битката со светскиот број 182, Кирјос потоа се обрати кон неговиот постар брат Кристос во боксот: „Кажи и на твојата девојка да излезе од мојот бокс!“.

Сепак, ова изгледа добро влијаеше на неговата игра и тој стигна до 6:4/6:4/6:4 победа над 25-годишниот Силва, кој иако е еден месец постар од него Кирјос се обрати кон публиката: „Имајте малку почит за детето“.

По ова тој призна дека работите не оделе најдобро.

„Лудак сум кога сум на теренот. Ова беше нешто што се случува во жарот на борбата. Сите емоции кои се собираат. Мора да го искажам тоа, за да се смирам и да играм добар тенис“, изјави Кирјос.

Неизбежно, потоа дојде одговорот на коментарот на Новак Ѓоковиќ дека не го почитува Австралиецот надвор од тениските терени.

„Чудно што тој го кажува тоа. Повеќе би имало смисла да каже дека не ме почитува на теренот, бидејќи не се согласува со тоа што го правам и го правев во минатото. Кога сум играл против него, сум бил добар кон него. Мислам дека бев добар за време на пандемијата. Возев наоколу, носев храна на луѓето, бев внимателен што правев и не го ширев вирусот. Но, тој е чудна мачка, тој Новак. Одличен тенисер, но за жал некој што сака да се забавува полугол за време на глобална пандемија. Не знам дали може да му се прости тоа“, додаде Кирјос.

Ѓоковиќ: Не можам да кажам дека го почитувам Кирјос

> Кирјос пак правеше „шоу“ во Мелбурн, на крајот го „закачи“ и Ѓоковиќ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фудбалерите на Лестер лудо го прославиле отказот на тренерот

Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче

Рутинска победа на Реал кај Леганес