Утрински Весник
Свет

Стефановиќ: „Ситуацијата во Косово и Метохија е сложена, нема да дозволиме протерување на српското население“

Стефановиќ: „Ситуацијата во Косово и Метохија е сложена, нема да дозволиме протерување на српското население“

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ по седницата на Советот за национална безбедност, оцени дека моменталната состојба на  Косово и Метохиоја е посложена и дека токму на неа се посветува посебно внимание.

„Разговаравме за неколку важни теми, а првата беше моменталната состојба на територијата на Косово и Метохија. Зборувавме за комплексна ситуација за нас. Комплексна е во политичко-безбедносна смисла. Разгледавме што прават нашите државни органи за зачувување на безбедноста и стабилноста на територијата на јужната српска провинција” – рече Стефановиќ.

Тој посочи дека намерата е да се заштити безбедноста на српското население пред сè.

Стефановиќ истакна дека ситуацијата во Косово и Метохија станува сè посложена и дека има нови ситуации како што се некои честитки за Денот на државноста на кои многу политичари во јужната српска провинција се радуваат и со нетрпение ги очекуваат, но не и во централна Србија.

Во соработка со КФОР, рече тој, намерата е да се заштитат стабилноста и безбедноста на српското население кое е загрозено во Косово и Метохија, да се покаже дека Србија е сериозен партнер и дека нема да се дозволи никакво протерување или злосторства против српското население.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков