Утрински Весник
Свет

СЗО организира панел-дискусија за вакцината на „Астра зенека“

СЗО организира панел-дискусија за вакцината на „Астра зенека“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светската здравствена организација (СЗО) за денеска објави панел дискусија за вакцината на компанијата „Астра зенека“, чија употреба е забранета во Јужна Африка поради сомневање дека не е ефикасна за лица постари од 65 години.

Во извештајот на АФП се наведува дека истражувањето покажало дека оваа вакцина обезбедува „минимална“ заштита од инфекција со новиот вид коронавирус, кој за прв пат е откриен во Јужна Африка, што ја забави глобалната борба против пандемијата, пренесува „Гардијан“.

Исто така, се истакнува дека тоа ги оддалечило сиромашните земји од вакцинацијата со препаратот на „Астра зенека“, кој има логистичка предност во однос на конкуренцијата бидејќи не мора да се чува на многу ниска температура.

Јужна Африка набави 1,5 милион вакцини на „Астра зенека“ кои истекуваат во април, но ќе бидат зачувани сè додека научно не се утврди како точно дејствува овој препарат.

Претставник на компанијата рече дека научноистражувачкиот тим работи напорно за да ја поправи вакцината за да биде ефективна против новиот вид коронавирус откриен во Јужна Африка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште