Утрински Весник
Свет

Русија очекува до крајот на неделава да ја регистрира својата вакцина во 25 земји

Русија очекува до крајот на неделава да ја регистрира својата вакцина во 25 земји

Рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ) очекува дека до крајот на оваа недела вакцината „спутник В“ ќе биде регистрирана во 25 земји, рече претседателот на РДИФ, Кирил Дмитриев, во интервју за телевизискиот канал Русија-1.

„До крајот на неделава очекуваме 25 регулатори или 25 земји да ја одобрат нашата вакцина“, рече Дмитриев. Тој додаде дека вакцината досега е одобрена од 19 регулатори.

Списанието „Лансет“ минатата недела ги објави резултатите од третата фаза на клиничките испитувања на руската вакцина. Според нив, оваа вакцина е 91,6 проценти ефикасна кај симптоматските форми на коронавирус.

Во последниве недели, во Европа се јавуваат повици Европската агенција за лекови (ЕМА) да започне процес за одобрување на „спутник В“ што е можно поскоро. Вакцината веќе се користи во Русија и некои други земји, како што се Србија, Аргентина и Алжир.

Резултатите објавени во „Лансет“ се добиени во последната, трета фаза, од клиничките испитувања на вакцината во која учествувале скоро 20.000 испитаници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија