Данил Медведев имаше совршена подготовка за Австралија опен, предводејќи ја Русија до победа на АТП купот со доминантна 6:4/6:2 победа над Матео Беретини во Мелбурн во неделата.
Откако прво Андреј Рубљов со 6:1/6:2 го „уништи“ Фабио Фоњини со 6:1/6:2, светскиот рекет број 4, Медведев ја донесе клучната победа на „Род Лејвер арената“ за Русија да ја освои титулата без пораз.
„Мислам дека на публиката им дадовме многу овие четири меча. Се надевам дека ќе го повториме истото и на Австралија опен“, вели Медведев, откако ја предводеше Русија до победи над Јапонија, Аргентина и Германија на патот до финалето.
Британецот Ден Еванс пак, ја освои својата прва титула во кариерата, победувајќи го Канаѓанецот Фелис Оже-Алијасим со 6:2/6:3 во финалето на Мареј Ривер опен во Мелбурн. Оже-Алијасим, еден од најголемите млади таленти во тенисот, сега има неверојатен 0-7 скор во финалињата, додека Британецот стана шампион првпат во кариерата по два порази.
Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната, почнува во понеделник со намален капацитет од 60 отсто фанови (30.000) поради КОВИД-19.
R U S S I A ?
?? #TeamRussia @DaniilMedwed @AndreyRublev97 @AsKaratsev #ATPCup pic.twitter.com/qk06dOo5F6
— ATPCup (@ATPCup) February 7, 2021
> Медведев го донесе АТП купот за Русија, деби титула за Ден Еванс <