Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Снежна бура ја зафати Европа – се откажуваат авионските летови

Снежна бура ја зафати Европа – се откажуваат авионските летови
300x250 opst2

​​Во Холандија за денеска се најавени силни врнежи снег и ветер, поради што е во сила црвен метеоролошки аларм за целата земја, прв од ваков вид во последните девет години. Владата ги предупреди граѓаните поради ветрот што ќе дува до 90 километри на час, а е најавено дека ќе падне и 20 сантиметри снег, што може да доведе до опасни наноси од снег на патиштата и ограничена видливост, пренесува Ројтерс.

Сите центри за тестирање на коронавирус ќе бидат затворени, соопштија здравствените власти. Железничиот сообраќај ќе биде сведен на минимум.

Аеродромот Шипол предупреди дека може да има одложувања на летовите. Големите супермаркети ја откажаа испораката на храна. Сите професионални фудбалски натпревари закажани за денеска исто така се откажани, а градскиот совет во Амстердам донесе одлука да ги затвори сите канали за да може да се користат за лизгање во текот на неделата.

Во Холандија, рестриктивни мерки веќе се во сила поради коронавирусот, во чии рамки продавници, ресторани, барови и други јавни места не работат веќе неколку недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот