Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Шутерска вечер во НБА – Кари до 57, Јокиќ до 50, Дончиќ до 42!

Шутерска вечер во НБА – Кари до 57, Јокиќ до 50, Дончиќ до 42!
Img 7972

Далас маверикс и Голден Стејт вориорс одиграа неверојатен шутерски меч, во кој Далас славеше со 134:132 а Стеф Кари и Лука Дончиќ беа расположени за шутирање – Кари заврши со 57 поени, 5 асистенции и 2 скока, додека Словенецот имаше 42 поени (израмнување на својот рекорд), 11 асистенци и 7 скока.

Двајцата кошаркари во секоја четвртина постигнаа барем по 10 поени, но на крајот Далас стигна до тешко извојувана трета победа во последните 10 меча. Дончиќ имаше помош од Криштапс Порзингис со 18 поени и 10 скока, додека за Вориорс, Вигинс имаше 22 поени и 5 скока.

Фантастична партија со личен рекорд имаше и Никола Јокиќ, кој првпат во НБА кариерата стигна до 50 поени, но тие не беа доволни Денвер нагетс да ги победат Сакраменто кингс, губејќи го мечот со 119:114.

Јокиќ, кој имаше 22 поени во последната четвртина го заврши мечот со 17-од-27 за два поени, 3-од-5 за тројки и 7-од-7 слободни фрлања, а имаше и 12 асистенции и 8 скока за по 22 пати едноподруго да има дабл-дабл учинок.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Орландо – Чикаго 92:118

Атланта – Торонто 132:121

Кливленд – Милвоки 99:124

Хјустон – Сан Антонио 106:111

Оклахома Сити – Минесота 120:118

Филаделфија – Бруклин 124:108

Далас – Голден Стејт 134:132

Њу Орлеанс – Мемфис 118:109

Л.А. Лејкерс – Детроит 135:129 ОТ

> Шутерска вечер во НБА – Кари до 57, Јокиќ до 50, Дончиќ до 42! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг