Утрински Весник
Македонија

Казнети седум мотоциклисти во Скопје, одземени два мотори

Казнети седум мотоциклисти во Скопје, одземени два мотори

Полицијата денеска казни седум мотоциклисти во Скопје и одзеде два мотори.

Полициски службеници од СВР Скопје денеска спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.

„Санкционирани се седум мотоциклисти, а одземени се и два мотори, согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи на сила на 26.12.2020. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип

Наумоски: Доста е театар – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно