Утрински Весник
Македонија

Бошњаците го поддржуваат пописот на населението

Бошњаците го поддржуваат пописот на населението

Бошњаците во Македонија се спремни да го дочекаат Пописот на населението и да бидат позитивен фактор во неговата успешна реализација.

Невладините организации “Шадрван“, “Лилиум Босниакум“, “Диванхана“, “Еду-Ниса“, “Диван“, “Форум на Бошњаците“, “Бошњачка културна заедница“ и “Љиљан“, како и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, заменик-директор на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, соопштија дека ги оставаат сите разлики на страна и застануваат рамноправни во оваа иницијатива за доброто на Бошњаците во Република Северна Македонија.

„Бошњаците во целост го подржуваат одржувањето на Пописот на населението, становите и домаќинствата во кој ќе се вклучат со сите свои ресурси. Нашата цел е сите припадици на бошњачката заедница во нашата држава целосно да бидат опфатени со Пописот и да се изјаснат слободно како што се чувствуваат: Бошњаци, а мајчиниот јазик да го именуваат како босански јазик“, велат од Координативно тело на Бошњаците за Попис 2021.

За таа цел, ова тело ќе организира кампања во сите урбани и рурални места каде што живеат Бошњаците во земјата, почитувајќи ги сите протоколи предвидени за заштита од пандемијата. Главниот слоган на кампањата е: „Битно е да се биде Бошњак/Бошњакиња“.

„Ќе организираме средби со Бошњаци во Скопје, Чаир, Бутел, Велес, Петровец, Долнени, Сарај, Студеничани, Градско, Струга, Тетово и други општини и населени места. Ќе делиме промотивен материјал согласно целта на кампањата, ќе бидеме присутни на медиумите и социјаланите мрежи, ќе поканиме во иницијативата учество да земат и други интелектуалци-Бошњаци, како од нашата држава, така и од Босна и Херцеговина, Санџак, Црна Гора, Србија, Косово и дијаспората. Во кампањата ќе вклучиме влијателни уметници, спортисти, писатели, политичари, јавни личности“, најавија од Кординативното тело за пописот.

Оттука додаваат дека овој попис за нив има големо значење, поголемо од сите парламентарни, претседателски и локални избори до сега. Затоа, ги повикуваат сите политичари, интелектуалци, уметници, спортисти, секој Бошњак поединечно, да ги остават сите разлики на страна и да допринесат за заедницата успешно да го искористи Пописот на населението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ