Утрински Весник
Македонија

Приведени дилери на дрога во Прилеп, вмешани биле и полициски службеници

Приведени дилери на дрога во Прилеп, вмешани биле и полициски службеници

Полицијата уапси шест лица по претреси на 16 локации во Прилеп, поради поврзаност со продажба на дрога во градот. Приведените се на возраст помеѓу 30 и 40 години.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски рече дека по претресите одземени се три возила, пари и неколку мобилни телефони.

Оваа истрага се спроведувала од септември минатата година, а од МВР велат дека се инволнирани повеќе лица, меѓу кои и полициски службеници.

„Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија“, рече Ангеловски.

Од МВР соопштија дека истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати осум

Кондарко: Потребен ни е нов Изборен законик, независните кандидати ќе можат да учествуваат на избори без собирање на потписи

Ќе се препополови бројот на патувања, нема веќе работа на црно во ЕУ – ќе се бројат и кафињата во Солун