Утрински Весник
Свет

Трамп се отчлени од американскиот актерски синдикат: „Ништо не направивте за мене“

Трамп се отчлени од американскиот актерски синдикат: „Ништо не направивте за мене“

Поранешниот претседател Доналд Трамп се раздели со Здружението на филмски актери со бомбастично писмо во четвртокот.

Причината, како што пренесува порталот „Политико“, е поради тоа што тој бил соочен со дисциплински мерки од страна на синдикатот.

Одборот на синдикатот изгласа во јануари да го упати Трамп до дисциплинскиот одбор, наведувајќи ја неговата улога во упадот во Капитол на 6 јануари, во кој загинаа пет лица и несовесната кампања за дезинформации насочена кон дискредитација и на крај загрозување на безбедноста на новинарите, од кои многумина се членови на SAG-AFTRA, се наведува во соопштението за медиуми од 19 јануари.

Доколку дисциплинскиот одбор го прогласеше за виновен, казните можеа да бидат опомена, парична глоба и протерување.

Но, Трамп ја напушти унијата пред надлежните да размислат за која било од тие казни.

Неговото писмо во четвртокот, со голем потпис и извичници, ја исмејувало претседателката на синдикатот Габриел Картерис, за која Трамп вели: „не стори ништо за мене, освен да собира членарина и да промовира опасни не-американски политики и идеи“. Тој исто така се пофалил, тврдејќи дека многу му помогнал на бизнисот за кабелска телевизија и ги пофалил своите мали епизодни улоги што ги играл во разни филмови.

„Кому му е гајле!“, напишал Трамп до дисциплинскиот комитет. „Иако не сум запознаен со вашата работа, јас сум многу горд на мојата работа на филмовите како што се ‘Сам дома 2’, ‘Зулeндер’ и ‘Волстрит: парите никогаш не спијат’, како и телевизиските емисии меѓу кои ‘Принцот од Бел-Ер’, ‘Сатрдеј најт лајв’ и секако, една од најуспешните емисии во историјата на телевизијата, ‘Приправник’ – да именувам само неколку!“, напишал поранешниот американски претседател.

„Ова писмо ве известува за моето отчленување од SAG-AFTRA. Вие не направивте ништо за мене“, нагласил тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија