Утрински Весник
Свет

Германија: Истрага против лекар кој украл вакцина за својата тешко болна сопруга

Германија: Истрага против лекар кој украл вакцина за својата тешко болна сопруга

Полицијата во Германија спроведува истрага против лекар кој украл доза на вакцина од центарот за вакцинација, а станува збор за 69-годишен лекар во пензија кој се занимавал со вакцинација.

Тој е осомничен дека украл доза од вакцината, но не за себе, туку за неговата сопруга.

Лекарот ја ставил дозата на вакцината во шприц, го изнел од салата каде што била извршена вакцинацијата и и го дал на сопругата, за која рече дека е тешко болна.

Кражбата веднаш била забележана и лекарот бил отпуштен.

Инцидентот се случи на 18 јануари, но сега се појави во јавноста, пренесува весникот „Билд“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

Бела куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон

СЗО отпушта над 1.200 вработени