Утрински Весник
Свет

Кинеското МНР го поддржува пролонгирањето на Новиот СТАРТ

Кинеското МНР го поддржува пролонгирањето на Новиот СТАРТ

Кина го поздравува пролонгирањето на Новиот стратешки договор за намалување на оружјето (Нов СТАРТ) меѓу Русија и САД, критикувајќи ги САД за клеветите и обвинувањата упатени кон Кина поради нејзината неподготвеност да се разоружа, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренсува ТАСС.

„Кина ги поддржува напорите на Русија и САД, кои го продолжија Новиот СТАРТ за пет години. Ова ќе помогне да се обезбеди стратешка стабилност на меѓународната сцена и да се олеснат мирот и безбедноста”, рече тој на редовниот брифинг.

Дипломатот истакна дека ваквите чекори на Москва и Вашингтон одговараат на аспирациите на меѓународната заедница. Според него, нуклеарниот арсенал на Пекинг е неспоредливо помал отколку во Русија или во САД.

„Ние сме категорично против американските  клеветнички изјави и обвинувања против Кина, која цврсто се придржува до стратегијата за одбрана“, заклучи портпаролот.

На 3 февруари, руското Министерство за надворешни работи размени белешки со Американската амбасада за завршување на домашните процедури неопходни за влегување во сила на договорот.

Руското министерство истакна дека проширувањето „Нов СТАРТ“ обезбедува зачувување и понатамошно функционирање на самата срж на механизмот за одржување на стратешката стабилност, кој ги ограничува нуклеарните арсенали на земјите врз основа на паритет.

Москва исто така се надева дека разбирањето постигнато со Вашингтон во врска со иднината на Новиот СТАРТ ќе овозможи да се надмине трендот на нарушување на механизмите за контрола на оружјето и неширење на оружјето, што доминираа во последните неколку години по деструктивната политика на САД, се забележува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија

Малолетничка по потекло од Црна Гора планирала да убива „неверници“ во Грац