Утрински Весник
Свет

Црвен крст донира 110 милиони долари за имунизација во најсиромашните земји

Црвен крст донира 110 милиони долари за имунизација во најсиромашните земји

Црвениот крст објави план од 100 милиони швајцарски франци (110 милиони долари) за да помогне во имунизацијата на 500 милиони луѓе ширум светот против Ковид-19, поради загриженоста за големите нееднаквости во распределбата на вакцини меѓу богатите и сиромашните земји.

Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина соопшти дека 50-те најсиромашни земји во светот примиле само 0,1 процент од вкупно дадените дози на вакцини досега, а 70 отсто од нив ги добиле 50 најбогати земји во светот.

Федерацијата предупреди дека таквата нееднаквост потенцијално може да има смртоносно и разорно дејство бидејќи областите во светот што остануваат невакцинирани може да овозможат ширење и мутација на вирусот.

Планот вклучува започнување национални кампањи за вакцинација, чекори за градење доверба во вакцините и напори за спротивставување на дезинформациите за нивната ефикасност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад