Утрински Весник
Македонија

Османи утре во официјална посета на Албанија, на средби со државниот врв

Османи утре во официјална посета на Албанија, на средби со државниот врв

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе има работна посета на Албанија.

За време на посетата, министерот Османи ќе се сретне со претседателот на Албанија, Илир Мета, со својот домаќин, министерот за европски и надворешни прашања на Албанија, Олта Џачка, со државниот министер за дијаспора Пандели Мајко и со претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

Се очекува на средбите да бидат разменети мислења околу состојбата со вкупната билатерална политичка и економската соработка, инфраструктурното и енергетско поврзување и други области од заеднички интерес за продлабочување на меѓусебните односи.

Посебен акцент ќе биде ставен на идните активности и меѓусебната координација на планот на европската интеграција на двете држави и очекувањата во текот на португалското претседавање во првата половина од оваа година, и во таа насока ќе бидат разгледани можностите за унапредување и на регионалната соработка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Финансиска полиција упадна на Кардиохирургија, плати на лекари била до 250.000 денари!?

Филипче ја заострува реториката кон ВМРО-ДПМНЕ

Повторно е пуштен патот Македонски Брод – Јасен