Утрински Весник
Свет

(Видео) Во пожарите во Австралија изгореа 81 куќа, ветрот им прави проблем на пожарникарите

(Видео) Во пожарите во Австралија изгореа 81 куќа, ветрот им прави проблем на пожарникарите

Австралиските власти објавија дека 81 куќа изгореле во пожарите на западот на земјата, додека силниот ветар ги отежнува напорите за гасење на пожарот, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот на Западна Австралија, Марк Мекгован, изјави дека пожарникарите успеале да го намалат најголемиот од седумте пожари, но предупредиле дека силниот ветар може да ја зголеми опасноста.

Овие пожари се многу непредвидливи и работите можат многу брзо да се влошат, изјави Мекгован пред новинарите во Перт.

Властите соопштија дека ветровите веќе спречиле полетување на противпожарните авиони, како и дека се очекува влошување на времето во следните неколку часа.

Метеоролозите, сепак, најавуваат подобри временски услови во наредните денови, додека в сабота се очекуваат врнежи од дожд во областите погодени од пожарите.

Нема жртви во пожарите, а нивната причина сè уште не е позната.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре за да разговараат за Украина

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

Путин: Мировниот план на САД може да биде основа за мир во Украина