Утрински Весник
Свет

Телефонски разговор меѓу Вучиќ и Путин, главна тема вакцината „спутник В“

Телефонски разговор меѓу Вучиќ и Путин, главна тема вакцината „спутник В“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Темите на разговор меѓу Вучиќ и Путин се економска соработка меѓу Србија и Русија, воено-техничка соработка, пренесува „Новости“.

Исто така, една од темите е набавка на ново количество вакцини против коронавирус. Главна тема на разговор меѓу двајцата претседатели се преговорите за набавка на нов контингент вакцини „спутник В“, а доколку биде постигнат договор меѓу двајцата лидери, треба да се очекува значителен број руски вакцини да пристигнат во Србија.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием