Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела вода ќе го расчистува просторот кај депонијата во село Драчево за да направи парк

Општина Кисела вода ќе го расчистува просторот кај депонијата во село Драчево за да направи парк

Започнаа активностите за расчистување на депонијата во село Драчево, со цел просторот напролет да стане зелен парк, соопштија од Општина Кисела Вода.

„По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 м2, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки и урбана опрема“, најавија од општината.

Оттаму велат дека жителите од селото Драчево, напролет ќе добијат нов голем парк за релаксација и уживање во природа.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нема пари за земјоделците – Владата на Мицкоски им должи 70 милиони евра

Речиси илјада бесправно изградени објекти за една година – 96 отсто се во приватна сопственост

ТДП влегува во Владата и добива министер без ресор