Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел: Олабавувањето на мерките не е решение

Меркел: Олабавувањето на мерките не е решение
300x250 opst2

Мутацијата на коронавирусот може да ги наруши плановите на германската влада, предупредува канцеларката Ангела Меркел. Таа исто така вели дека е свесна за несигурноста во која се наоѓаат граѓаните на Германија и затоа ги моли за многу трпеливост, пренесува „Дојче веле“.

Ангела Меркел повторно гостуваше во германската јавна телевизија АРД, и тоа само 24 часа по т.н. самит за вакцинација одржан во понеделникот (1.2). На него присуствуваа најважните претставници на политиката, науката и економијата, кои потоа потврдија дека бавното темпо на вакцинација против корона во Германија нема да се забрза наскоро. Производителите не можат да обезбедат повеќе вакцини или се обврзани со договори со други земји.

Тоа беше отрезнувачка порака и затоа во образложението за интервјуто на германската канцеларка стои: Меркел овие денови мора да моли за трпеливост – или барем да го покаже своето присуство. Бидејќи, она што германската политика го презема кога станува збор за пандемија, збунува многу луѓе и ги остава во сомнеж.

Строгите ограничувања во моментов во Германија – забрани за контакт, затворени ресторани, кина и училишта – го доведуваат населението до границите на издржливост.

Некои набљудувачи навестуваат дека ограничувањата може да се продолжат до април. Во секој случај, Меркел не упати ниедна друга, попозитивна порака: „Отворање за 14 дена, па повторно да се вратиме на експоненцијален раст – тоа не би било решението“, рече канцеларката. На крајот на краиштата, додаде таа, падот на бројот на нови инфекции покажува дека мерките се ефикасни. „Тоа е добар резултат, кој го немавме долго време. Но, тоа не значи дека здравствените власти повторно имаат контрола врз вирусот“.

Сè уште постои, истакна германската канцеларка, неизвесност поради мутацијата на вирусот, за која се смета дека е далеку позаразна. Меркел ја пофали дисциплината на мнозинството жители во Германија. Земјата е на добар пат, но единствениот ризик е „мутацијата на вирусот од Велика Британија или Јужна Африка која може да ги наруши нашите планови затоа што е многу поагресивна“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа