Утрински Весник
Свет

Оксфорд и АстраЗенека: Нашата вакцина е ефективна 76 % три месеци по првата доза

Оксфорд и АстраЗенека: Нашата вакцина е ефективна 76 % три месеци по првата доза
Dik 300x250 mk

Вакцината против Ковид-19 развиена од Оксфорд и АстраЗенека има ефективност од 76 проценти во првите три месеци од приемот на една доза, со поголема ефикасност по втората доза, покажаа резултатите од студијата.

Засега без стручен преглед, резултатите од испитувањето ја поддржуваат одлуката на Велика Британија да го продолжи временскиот интервал помеѓу двете дози на 12 недели, додава Универзитетот Оксфорд.

Велика Британија одлучи да вакцинира што е можно повеќе луѓе со првата доза со цел да добие барем малку заштита од вирусот, а АстраЗенека го поздрави овој потег, тврдејќи дека продолжувањето на интервалот помеѓу двете дози е најдобра стратегија.

Резултатите од клиничките испитувања на учесници на возраст меѓу 18 и 55 години во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка покажаа дека ефективноста на вакцината е 76 проценти од 22 до 90 ден по првата доза и дека заштитата не ослабува во период од три месеци.

Со 12 или повеќе недели до втората доза, ефективноста се искачува на 82,4 проценти. Кога втората доза е примена помалку од шест недели по првата доза, ефективноста е 54,9 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против