Помошник-тренерот на кошаркарската селекција на Србија, Владимир Јовановиќ е поставен за тренер на хрватска Цибона. Тој е првиот Србин на оваа функција по војната од пред 30 години.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, потегот наишол на негодување од хрватската кошаркарска јавност, пред се од навивачите на клубот кои поради пандемијата на коронавирусот се уште не се вратени во спортската сала.
Последен пат Србин на чело на Цибона имало во сезоната 1989/90 кога на клупата бил Драган Шакота.
Јовановиќ има 36 години, а договорот го потпипал на 2,5 години. Доаѓа на местото на Иван Велиќ кој доби отказ по неделната победа со 78-69 против Крка.
Информацијата официјално е потврдена и на Твитер профилот на КК Цибона:
Novi trener Cibone je Vladimir Jovanović!?????
Dobro nam došao u Zagreb!!!#HejaHejaCibosi#KKCibona #Zagreb pic.twitter.com/G72xa8x9Ed
— KK Cibona (@kk_cibona) February 2, 2021
> Србин на кормилото на Цибона, првпат по војната! <