Утрински Весник
Магазин

Тони Бенет откри дека има Алцхајмерова болест

Тони Бенет откри дека има Алцхајмерова болест

Тони Бенет откри дека во последните четири години живее со Алцхајмерова болест.

Пејачот, кој има 94 години, ја кажа веста во списанието ААРП, кое се фокусира на прашања што ги засегаат луѓето постари од 50 години.

Во статијата е наведено дека болеста влијаела на меморијата и способноста на Бенет да препознава предмети од секојдневието. Неговата сопруга Сузан за магазинот изјави дека „тој не е секогаш сигурен каде е или што се случува околу него“.

Сепак, Бенет досега беше поштеден од многу најлоши карактеристики на болеста – вклучително и дезориентираност што може да предизвика талкање на пациентите од дома и епизоди на агресија, бес или депресија.

Во објава на Инстаграм, со линк кој ги насочува фановите кон статијата, Бенет напиша: „Животот е подарок – дури и со Алцхајмерова болест. Им благодарам на Сузан и на моето семејство за поддршката и на списанието AARP што ја раскажаа мојата приказна”.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот