Утрински Весник
Македонија

Институциите да реагираат за злоупотребата на 8,7 милиони денари од страна на Ристовски, порача ВМРО-ДПМНЕ

Институциите да реагираат за злоупотребата на 8,7 милиони денари од страна на Ристовски, порача ВМРО-ДПМНЕ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Разрешувањето на директорот на Театар Комедија нема да го покрие фактот дека тој како кадар на СДСМ, злоупотребил 8,7 милиони денари, потребна е институционална разврска веднаш, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацијата дека Министерството за култура го разрешило Сашо Ристовски од оваа функција, а на негово место назначена е Нора Шаќири.

„По којзнае кој пат исплива на површина злоупотребата на власта и деградирањето на културата во Македонија. Поставувањето на партиски директори на културните институции од страна на некомпетентните директори во земјава доведе само некултура и пад на квалитетот граден со години. Таков е и случајот со Театар Комедија, каде власта успеа да уништи уште една успешна приказна која беше создадена од нула. Од своето формирање во 2011 година, театарот успеа да се наметне како со квалитет така и со популарност како сериозна институција, но тоа траеше се до доаѓањето на СДСМ на власт, кога започна падот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија наведува дека Ристовски извршил злоупотреба на од 8.734.486 денари државни пари за кои презел обврска, но за истите не обезбедил покритие.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда

Угостителот Зарков пред суд за убиството на мајка си – „Не се сеќавам на ништо“

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство