Пратениците во Собранието вчера ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства со што се создадени условите вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започнеме со имунизацијата, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
„Овие измени на Законот немаше да се случат ако ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт не го урниса здравствениот систем и принуди реномирани странски компании за лекови да се повлечат од нашиот пазар. За потсетување, во периодот меѓу 2012 и 2015 во годините на најголем режим, неколку реномирани странски компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот узвоз на лекови и вакцини со сомнително потекло. Заради таквиот однос трајно се наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што со сите сили се обидуваме да го поправиме, да ја вратиме довербата во македонското здравство“, рече Коциќ.