Утрински Весник
Македонија

(Видео) Коциќ: Измените на Законот за лекови овозможува вакцината против ковид-19 да пристигне во државава

(Видео) Коциќ: Измените на Законот за лекови овозможува вакцината против ковид-19 да пристигне во државава

Пратениците во Собранието вчера ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства со што се создадени условите вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започнеме со имунизацијата, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„Овие измени на Законот немаше да се случат ако ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт не го урниса здравствениот систем и принуди реномирани странски компании за лекови да се повлечат од нашиот пазар. За потсетување, во периодот меѓу 2012 и 2015 во годините на најголем режим, неколку реномирани странски компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот узвоз на лекови и вакцини со сомнително потекло. Заради таквиот однос трајно се наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што со сите сили се обидуваме да го поправиме, да ја вратиме довербата во македонското здравство“, рече Коциќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски