Утрински Весник
Магазин

Хелен Мирен и Ен Хатавеј во нова драмска серија

Хелен Мирен и Ен Хатавеј во нова драмска серија

Неговата серија за ловци на нацисти, Hunters, со Ал Пачино во главната улога, се покажа како хит за „Амазон прајм видео“.

А сега сценаристот и продуцент Дејвид Вејл доби зелено светло за уште една оригинална серија за стримерот, и овој пат со ѕвезди во актерската екипа.

Хелен Мирен, Ен Хатавеј и Морган Фримен се потпишаа за „Солос“, антологиска драмска серија, чија премиера ќе се одржи подоцна оваа година, според THR.com.

Серијата ќе има седум епизоди. На тројцата оскаровци ќе им се придружат Ентони Меки, Ден Стивенс, Констанца Ву, Узо Адуба и Никол Бехари.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот