Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Франција уапсен маж кој фрлил кутија со отсечена глава низ прозорецот

(Видео) Во Франција уапсен маж кој фрлил кутија со отсечена глава низ прозорецот

Француската полиција уапси човек откако открила отсечена глава во кутија што била исфрлена од прозорец во центарот на јужниот пристаништен град Тулон.

Локалната полиција соопшти дека нема индиции за терористички мотиви, додека Франција сè уште е во страв по обезглавувањето на наставникот Самјуел Пати од исламистички екстремист во октомври 2020 година.

„Случајните минувачи ја предупредија полицијата во понеделникот попладне кога видоа како паѓа кутија од прозорецот на зградата во центарот на градот“, изјави за „Франс прес“ портпаролот на полицијата.

Набргу откако пристигнала полицијата, на прозорецот од станот се појавил човек со рацете облеани во крв. Мажот, кој не бил вооружен, бил уапсен откако полицијата ја скршила вратата.

Според полициски извор, главата може да му припаѓа на еден од двајцата бездомници кои ја поминале ноќта во станот.

Полицијата била повикана таму во текот на ноќта недела спроти понеделник поради тепачката.

Освен жртвата и лицето кое е уапсено, никој не бил во станот кога полицијата интервенирала.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина и ЕУ предлагаат договор за прекин на огнот со Русија

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна