Утрински Весник
Свет

Полска нема да ги вакцинира постарите од 65 години со вакцината на „Астразенека“

Полска нема да ги вакцинира постарите од 65 години со вакцината на „Астразенека“

На постарите лица во Полска нема да им се дава вакцината на „Астразенека“ против коронавирус, рече министерот задолжен за програмата за вакцинација, Михал Дворчик, но додаде дека конечната одлука ќе биде донесена по препораките на медицинските експерти.

Европскиот регулатор на лекови во петокот ја одобри вакцината на „Астразенека“ за лица над 18 години, но рече дека сè уште нема доволно резултати за лица над 55 години за да утврдат дали вакцината ќе делува.

Во четвртокот, германскиот комитет за вакцинација препорача само луѓе на возраст од 18 до 64 години да се вакцинираат со вакцината на „Астразенека“, а истото го соопштија и здравствените експерти во Австрија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе