Репрезентативецот на Холандија, Квинси Промес се врати во Спартак Москва. Ајакс и Спартак, ги договориле условите под кои крилниот напаѓач ќе го напушти Амстердам.
Промес, до крајот на сезоната ќе биде позајмен во Спартак. Рускиот тим за позајмицата ќе плати 500.000 евра, но по завршувањето на сезоната за 9.000.000 евра ќе има обврска да го откупи неговиот договор.
Промес, утре во Дубаи, ќе им се приклучи на новите соиграчи. Руските медиуми тврдат дека тој ќе потпише договор до јуни 2024 година.
Холанѓанецот во перидот од 2014 до 2018 година одиграл 135 натпревари за Спартак, постигнал 66 голови и забележал 33 асистенции. Сезоната 2018/2019 ја мина во Севилја (33 натпревари, два гола), а од јуни 2019 година играше за Ајакс.
> Квинси Промес се врати во Спартак <