Утрински Весник
Свет

Песков: Фондацијата на Навални го потврди статусот на странски агент со повиците за санкции

Песков: Фондацијата на Навални го потврди статусот на странски агент со повиците за санкции

Фондацијата за борба против корупцијата- непрофитна организација заведена како странски агент во Русија- на рускиот опозиционер Алексеј Навални го потврди статусот на странски агент повикувајќи го американскиот претседател Џо Бајден да воведе санкции против неколку десетици руски бизнисмени и политичари, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Што се однесува до оваа фондација и сите овие писма и повици, фондацијата де јуре и де факто го демонстрираше својот статус на странски агент“, нагласи тој.

На прашањето за ставот на Кремљ за санкциите на Западот, Песков истакна дека ова мислење е добро познато.

„Ние ги отфрламе овие санкции. Веруваме дека се апсолутно неприфатливи, веруваме дека тоа е длабоко погрешен начин на однесување во односите меѓу државите. Нема иднина со овој метод”, подвлече тој.

Во саботата, 30 јануари, извршниот директор на Фондацијата за борба против корупција, Владимир Ашурков, на својот профил на Фејсбук се обрати до американскиот претседател Џо Бајден за да ја повика американската администрација да воведе санкции против неколку десетици Руси.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење