Утрински Весник
Магазин

Меган Маркл со официјална изјава за промената на своето име на изводот на родени на Арчи

Меган Маркл со официјална изјава за промената на своето име на изводот на родени на Арчи

Во официјално соопштение до медиумите, Меган Маркл негираше дека побарала нејзиното име да се отстрани од изводот на родени на бебето Арчи.

Изјавата на војвотката од Сасекс е одговор на тврдењата на некои британски таблоиди дека таквиот потег е без преседан.

Британските весници викендов објавија дека вистинските имиња на Меган – Рејчел Меган – биле отстранети од изводот на родените на Арчи, осудувајќи го ваквиот потег.

Но, сега Меган ги поби тврдењата за тивка промена.

Во изјава за „Индипендент“, нејзиниот портпарол рече: „Промената на името на јавните документи во 2019 година беше диктирана од Палатата, како што беше потврдено со документи од високи претставници на Палатата“.

„Ова не беше побарано од Меган, војвотката од Сасекс ниту од војводата од Сасекс,“ вели портпаролот.

Во документите на Арчи веќе не пишува „Рејчел Меган“ е негова мајка – наместо тоа, пишува „Нејзиното кралско височество војвотката од Сасекс“.

Написите во весниците за „тивката промена“ на името Рејчел Меган, наводно, биле отстранети.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Соло патник откри пет европски градови каде што не се чувствува безбедно

Што значи црниот прстен на десната рака? Поранешна вработена открива детали од крузерите

Дневен хороскоп за 17 февруари 2026