Утрински Весник
Свет

Франција: Мали се шансите да се избегне третото затворање на земјата

Франција: Мали се шансите да се избегне третото затворање на земјата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бројот на пациенти во француските болници достигна врв во претходните девет недели – 27.613, во време кога земјата се затвора за речиси сите патувања во речиси сите земји надвор од Европската Унија.

Овој број го достигна нивото што последен пат беше видено на 1 декември, пишува „Ројтерс“, пренесува „Гардијан“.

Франција, која вчера забележа 195 смртни случаи, вчера регистрираше 19.235 заразени со ковид, а бројот на лица на интензивна нега е поголем за 45 и изнесува 3.158.

Мали се шансите да се избегне третиот локдаун во Франција, но владата ќе стори сè што може за да го избегне тоа, изјави владиниот портпарол Габриел Атал.

Тој за радиото Франсинфо изјави дека е охрабрувачки што минатата недела има пад на бројот на новозаболени лица, објави „Ројтерс“.

Франција е шеста земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19, со речиси 3,2 милиони заразени, покажуваат податоците на страницата worldometers.info.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони