Утрински Весник
Свет

Пациент оставен без храна 100 часа и без лекар три дена во болница во Јоханесбург

Во Словачка само со негативен ПЦР тест

Смртта на еден млад човек заболен со Ковид-19 ја покажа ужасната состојба во здравствениот систем на Јужна Африка. Шонисани Летол (34) не јадел 100 часа во болницата каде што се лекувал, ниту пак бил посетен од лекар три дена. По истрагата, народниот правобранител ја обвини болницата Тембис, во близина на Јоханесбург, за „сериозна небрежност“.

„ Проблемите што ги имам во една од вашите болници продолжуваат, стануваат неподносливи. Изгледа дека не ги интересира сето ова”, му напишал несреќниот пациент Шонисани Летол на министерот за здравство, Звелиј Мхизе на Твитер, два дена по приемот во болницата, објави „Стрејтс Тајм“, пренесувајќи го „Блумберг“.

Смртта на Летол предизвика лутина на социјалните мрежи, бидејќи во Јужна Африка има голем јаз меѓу 15 проценти од населението кое има целосно здравствено осигурување и остатокот од населението. Илјадници луѓе потпишаа петиција со која се бара правда.

Летол бил донесен во болницата во јуни и страдал од бубрежна инсуфициенција, откако добил ковид, но не знаел за резултатите дури шест дена пред неговата смрт. Несреќниот млад човек не примал храна 43 часа пред да прими седативи за спиење и не му била дадена инфузија уште 57 часа по заспивањето, покажала истрагата.

На медицинските лица им биле потребни 69 часа за да ја проценат неговата здравствена состојба, а откако починал, неговото тело останало во болничкиот кревет уште десет часа. Родителите му донеле храна, но не му била доставена, затоа што вратарите и чистачите се плашеле да влезат во одделот за Ковид без заштитно одело.

Народниот правобранител заклучи во извештајот пред неколку дена дека болницата не смела да се користи за пациенти со Ковид-19, ниту дека ги исполнува здравствените стандарди.

Утврдено е дека оваа болница сместувала пациенти без ковид и со ковид во исто одделение, а управата на болницата е обвинета за „застрашувачко водење на евиденција“ и за непосредно пренесување на телата во мртовечницата.

Властите ќе преземат дисциплинска постапка против директорот на болницата и дел од персоналот, вклучувајќи ги и оние што лажеле под заклетва, за да ги доведат во заблуда истражителите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија