Утрински Весник
Спорт

Потписот на Меси од 750 милиони евра ја уништува Барселона

Потписот на Меси од 750 милиони евра ја уништува Барселона

„Фараонски договор за Лео Меси, одекна бомба во Шпанија“, ова се насловите во шпанските медиуми откако се појавија детали од најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Шпанските медиуми пишуваат – со овој договор Барселона е финансиски уништена од страна на својата легенда!.
Шпански „Ел Мундо“ ексклузивно ги објави деталите од договорот што Меси го има со Барселона.

Аргентинскиот ас во ноември 2017 година потпиша договор вреден 555.237.619 евра. Каталонскиот клуб се наоѓа во големи финансиски проблеми, а под насловот „Фараонскиот договор на Лионел Меси кој ја уништува Барселона“ се открива дека неговата годишна плата е 138 милиони евра за 4 години (плус бонусите кои не се мали). Сепак, тоа ни одблизу не е целиот договор.

Весникот тврди дека Меси добил и бонус за потпишување на догоорот, еден „параф“ на договорот чини 115,2 милиони евра, а таканаречениот „бонус за верност“ изнесува безмалку 78 милиони евра. Наводно, Меси веќе инкасирал 92% од овој бонус.

Тоа значи дека кога се ќе се собере вредноста на договорот на Меси кој истекува летоска е 748.3 милиони евра.

> Потписот на Меси од 750 милиони евра ја уништува Барселона <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина