Утрински Весник
Свет

Илјадници демонстранти на улиците на Полска против законот за абортус

Илјадници демонстранти на улиците на Полска против законот за абортус

Илјадници незадоволни граѓани се собраа во полските градови, демонстрирајќи трет ден по ред против законот за скоро целосна забрана за абортус. Новиот закон предвидува можност за абортус само за жртви на силување, инцест и во случај бременоста да го загрози животот на мајката.

И покрај анти-епидемиските ограничувања и леденото време, демонстрантите излегоа на улиците. Би-би-си објави дека повеќето полски граѓани се спротивставуваат на оваа строга забрана за абортус.Многумина носеа натписи со паролите „Мојата влада ме убива“, „Моето тело, мојот избор“ и „Револуцијата има матка“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор

Трамп најави милијарди долари помош за Газа на првиот состанок на Одборот за мир

Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови