Утрински Весник
Свет

Бајден му порачал на Путин да го ослободи Навални

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Американскиот претседател, Џо Бајден го повика својот руски колега, Владимир Путин, да го ослободи критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Бајден телефонски разговарал со Путин за повеќе прашања, од наводно мешање во изборите во 2020 година и суверенитетот на Украина до состојбата со Навални, пренесува „Ројтерс“.

Псаки рече дека Бајден не се воздржал да ја изрази својата загриженост за постапките на руската влада за време на телефонскиот повик.

Претходно оваа недела, Белата куќа соопшти дека двајцата лидери се согласиле нивните тимови итно да го продолжат договорот за контрола на оружјето СТАРТ меѓу САД и Русија, кој истекува идниот месец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури