Продолжува шведската бајка во Египет, на 27 Светско првенство во ракомет. Швеѓаните кои на Мундијалот допатуваа без седум важни играчи, преку Франција изборија пласман во финалето. Во првото полу-финале, Шведска ја победи Франција со 32:26 (16:13).
Андрес Паличка и Кампус Ване се хероите на Шведска, која одигра перфектен меч против фаворизираната Франција.
Репрезентацијата на „Трите круни“, доминираше во текот на целиот натпревар. Франција, само еднаш водеше, во првиот дел кога со три гола, негативата 4:6, ја претвори во предност 7:6. Се што се случуваше пред тоа и по тој момент беше во знакот на Шведска.
Шведска одигра технички перфектно, во нападот ретко грешеа, а во одбраната го имаа брилијантиот Паличка, кој мечот го заврши со 12 интервенции. За споредба, француските голмани, Жентиј и Жерар имаа четири интервенции. Првата одбрана француските голмани ја имаа во 26 минута.
Во нападот блескаа крилата Ване со 12 голови и Петерсон со шест гола.
Шведска која во својата историја има четири светски титули, ќе игра во финалето прв пат по 2001 година. Тогаш го освоија сребрениот медал, а во финалето беа поразени од Франција.
Противник на Шведска во финалето ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Данска и Шпанија.
> Бајката продолжува – Шведска е првиот финалист на СП <