Утрински Весник
Свет

Израел: Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ поефикасни отколку што се мислеше

Израел: Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ поефикасни отколку што се мислеше

Новите податоци од израелското Министерство за здравство сугерираат дека вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“ против коронавирус може да биде дури и поефикасна отколку што првично се сметаше.

Овие податоци се добиени по набљудување на повеќе од 700.000 луѓе кои ги примиле обете дози на вакцината, а откриено е дека само 0,04 проценти од тој број имале Ковид-19.

Видовите вакцини што ги користи главно Израел се оние развиени од „Фајзер“ и „Бионтек“, со употреба на помали дози од американската „Модерна“. Двете вакцини се развиени врз основа на истата технологија, а првичните тестови покажаа дека се ефективни околу 95 проценти.

Овие податоци се однесуваат точно на 715.425 вакцинирани, од кои 317 заболеле од Ковид-19.

Приближно 75.000 луѓе учествувале во овие испитувања, од кои половина примиле вакцина, а останатите плацебо.

Израел ја започна кампањата за вакцинација на 20 декември минатата година и се смета за водечка земја во тој процес на светско ниво, пишува Си-ен-ен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање на хокеј натпревар, најмалку двајца загинати

Британија сака да ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години

Украински напади врз Русија, пет аеродроми затворени, рафинерија во пожар