Утрински Весник
Македонија

Кафулињата и рестораните и натаму да работат до 21 часот, препорачува Комисијата за заразни болести

Се укина забраната во кафулиња и ресторани на една маса да седат само двајца

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Комисијата препорачала да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.

„Ова се однесува и на работата во државната и јавната администрација, општините и судовите, односно организирањето на работата останува исто – да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека во овој момент, здравствената ситуација со Ковид-19 е само стабилна, но не и намалена.

Здравствените власти апелираат граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи, како што велат, истите даваат резултати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Куче држано две години во мал бокс, без вода, само на сув леб и во неисчистен смет – АХВ и „Лајка“ го одзедоа од сопственикот во критична состојба

Тренчевска: Власта ги остави граѓаните сами, упорно бега од покачување на минималната плата на 500 евра

Климатските предизвици, правната заштита и институционалната координација, во центарот на националната тркалезна маса