Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и во вакцинација гледа политика, вакцините против корнавирусот се набавуваат преку три механизми

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и во вакцинација гледа политика, вакцините против корнавирусот се набавуваат преку три механизми

ВМРО-ДПМНЕ и во вакцинација гледа политика, вакцините против корнавирусот се набавуваат преку три механизми, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ дека Филипче прво сакал европско-американски вакцини, па се одлучил за кинески, ама уште нема никакви.

„На ВМРО-ДПМНЕ му пречи што ковид пациентите во државата ќе имаат можност да користат најсовремена и најскапа терапија т.н. моноклони антитела, специфична за вирусот СарсКов2. На ВМРО-ДПМНЕ му се допаѓало или не, Министерството за здравство пред два дена испрати писмо до Европската комисија за резервација на оваа најсофистицираната моноклона комбинирана терапија, бидејќи приоритет на Владата предводена од СДСМ и министерот д-р Венко Филипче е квалитетна здравствена заштита на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека само ВМРО ДПМНЕ може да види политика и во вакцинацијата што може да се очекува од партија која и сопствениот народ го подели на патриоти и предавници.

„Докторката Јадранка Поцкова како лекарка треба да знае дека ЕМА И ФДА немаат свои вакцини, бидејќи тие не се производители, туку регулаторни тела. Недозволиво е ваков податок да излез од уста на лекар, па дури и текстот да го пишувал Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ како по обичај и денеска излажа дека сите земји добиле како што вели Поцкова „по неколку тури вакцини“, вакцинацијата во Европа почна на 28 декември, а во многу земји е прекината поради глобалниот притисок со достава и производство на вакцини“, велат од СДСМ.

Од партијата уверуваат дека имунизацијата во земјава ќе почне во февруари.

„Додека владата предводена од СДСМ и министерот за здравство д-р Венко Филипче вакцини набавуваат по три механизми – Ковакс, во директни преговори со производителите и преку солидарниот фонд на ЕУ, ВМРО ДПМНЕ се задолжени за евтин театар“, велат од СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Затворен за сообраќај експресниот пат Прилеп-Градско

УЈП: Затворени четири субјекти, 30 отсто од контролираните се со неправилности за фискализација

Министерство за финансии како штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Димитриеска-Кочоска прими и промовира кандидат за градоначалник во кабинетот