Утрински Весник
Македонија

Таксист од Скопје фатен со дрога во Куманово

Таксист од Скопје фатен со дрога во Куманово
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против скопјанец на возраст од 52 години, вработен во такси компанија, поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

Pet Utrinski

При извршен преглед на возилото на 27.01.2021 година околу 23:00 часот во Куманово, на улицата „Трст“ во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле дрога која осомничениот која неовластено заради продажба ја држел и пренесувал. Наркотичната дрога марихуана, во вкупна нето маса од 156,6 грама, осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, во самиот негов скут, спакувана во едно најлонско пакување.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Алатката НОТАС предвидува ниво 3 и 4 од највисокото 5 – Засилен до опасен ризик од појава на невреме во Македонија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Уапсен судија од Врховниот суд – фатен со мито од 10.000 евра