Утрински Весник
Свет

Навални со повик до Русите: Не се плашете, излезете на протести

Навални со повик до Русите: Не се плашете, излезете на протести

Лидерот на руската опозиција во притвор, Алексеј Навални ги повика приврзаниците и во наредниот викенд да излезат на протестите на национално ниво. Во писмото објавено на неговата веб-страница, откако судот ја одби жалбата против неговото апсење, Навални ги повика Русите да го тргнат стравот и да организираат нови протести.

„Излези, не се плаши од ништо. Никој не сака да живее во земја во која владее тиранијата и корупцијата. Мнозинството е на наша страна“, вели Навални.

Протестите се најавуваат за на 31 јануари, по демонстрациите во десетици градови во минатиот викенд на кои излегоа стотици илјади луѓе и покрај бруталната полициска акција. Во демонстрациите полицијата приведе околу 4.000 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Епидемијата на ебола може да биде два до четири пати поголема од официјалните проценки

Зеленски го избра шефот на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, за нов украински премиер

Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие  јавна функција