Србија од почетокот на имунизацијата на 24 декември до денеска вакцинираше повеќе од 401.500 граѓани со вакцините на „Фајзер-Бионтек“, „Спутник В“ и „Синофарм“.
„Утре ќе добиеме уште 40.000 вакцини ‘Спутник В’, а во понеделник дополнителни 9.360 дози на ‘Фајзер’“, објави премиерката Ана Брнабиќ, одговарајќи на пратенички прашања во српскиот парламент.
Таа рече дека во февруари се очекуваат вакцини преку програмата Ковакс.
Брнабиќ изјави дека денес Србија е втора во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на 100.000 жители, по Велика Британија и седма во светот, веднаш зад САД.
Во изминатите 24 часа, 21 лице почина во Србија како резултат на инфекција со ковид-19, а меѓу 10.637 тестирани примероци, регистрирани се уште 1.592 нови инфекции, објави во четвртокот Министерството за здравство на Србија