Утрински Весник
Економија

Влада: Средбата со Независната комора на угостители не е откажана

Влада: Средбата со Независната комора на угостители не е откажана

Од Владата соопштија дека средбата со Независната комора на угостители со претставници не е откажана.

„На барањето на Независната угостителска комора за средба со владини претставници беше одговорено потврдно и закажана е утре, петок 29.01., во 14:30 часот во свечена сала на Владата на Република Северна Македонија. Утрово го известивме претседателот на НУК, Здравко Јосифовски дека поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата, но дека истата ќе се одржи со министерот за економија, Крешник Бектеши и претставник од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања“, соопштија од Владата.

Од таму велат дека во кабинетот на вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши сѐ уште не е пристигнато никакво известување дека средбата се откажува ниту дека претставниците на НУК не сакаат да се сретнат со претставници на Владата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година    

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата