Утрински Весник
Свет

„АстраЗенека“ ќе произведе повеќе од 90 милиони дози вакцина во Јапонија

„АстраЗенека“ ќе произведе повеќе од 90 милиони дози вакцина во Јапонија

Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ ќе произведе повеќе од 90 милиони дози вакцина во Јапонија, изјави портпаролот на јапонската влада, во време кога има се поголема загриженост дали земјата ќе има доволно дози за да започне одложена кампања за имунизација, пренесува „Ројтерс“.

Британско-шведската компанија му потврди на јапонското Министерство за здравство дека ќе произведува поголем дел од вакцините во нивната земја.

„Веруваме дека е многу важно да можеме да ја произведуваме вакцината дома“, рече генералниот секретар на јапонската влада, Кацунобо Като.

Јапонија планира да започне масовна имунизација против коронавирусот на крајот на февруари со вакцината на „Фајзер“, прво вакцинирајќи ги здравствените работници.

Владата во Токио нареди 120 милиони дози вакцини на „АстраЗенека“ и „Оксфорд“, од кои 90 милиони ќе бидат произведени во Јапонија, а остатокот ќе се набавува од увоз.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата