Генералниот директор на Здружението 302 за одбрана на правата на бегалците, Али Хувеиди, ја поздрави одлуката на либанската влада да им обезбеди бесплатни вакцини против Ковид-19 на палестинските бегалци во Либан и го опиша потегот како чекор во вистинската насока, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Во интервју за „Кудс прес“, Хувеиди рече дека ова е резултат на состанокот на либанскиот министер за здравство, Хамад Хасан, делегација на УНРВА и претставник на Светската здравствена организација (СЗО).
„Процесот на вакцинација ќе ги земе предвид критериумите утврдени од СЗО, почнувајќи од здравствените работници и продолжувајќи со постари лица“, рече тој.
Директорот на УНРВА за Либан, Клаудио Кордоне, претходно изјави дека палестинските бегалци ќе бидат вклучени во националната акција за бесплатна вакцинација во согласност со СЗО-стандардите, исто како Либанците и оние со постојан престој во земјата.
Кордоне додаде дека агенцијата на ОН ќе соработува со либанската држава за воспоставување центри за вакцинација близу палестинските кампови и станбените заедници во Либан.