Утрински Весник
Култура

„Будење на свеста“ прогласена за најпродавана книга од македонски автори за 2020 година  

„Будење на свеста“ прогласена за најпродавана книга од македонски автори за 2020 година   

Авторите Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ се закитија со признанието за најпродавана, а со тоа и најчитана книга од домашни автори за својата „Будење на свеста“, издание на издавачката куќа „Паблишер“.

При врачувањето на ова признание во книжарницата на ТРИ во Дебар Маало, авторите одговорија на неколку прашања со срца полни благодарност за укажаната чест. Им се заблагодарија на издавачот и на сите читатели, кои согледаа, како што изјави Радован Витошевиќ, дека оваа книга не е само збир од зборови, туку дело во коешто се собрани тајните на себеспознавањето. Зборуваа за создавањето на ова исклучително дело, кое доживеа шест македонски и едно англиско издание. Катерина говореше за реакциите од читачката публика во однос на главната цел и мисијата за создавање на една поубава внатрешна, а со тоа и надворешна реалност.

Двајцата извонредни автори се согласија дека се воодушевени од овој успех и дека се пријатно  изненадени од неочекуваното признание. Токму тоа беше одговор и на прашањето за изворот на нивната мотивација. Инспирацијата на Ангеловска и Витошевиќ се нивните читатели , кои заедно со нив работат на будење на свеста. Овој долг процес секогаш резултира со мир и со љубов. Надежта дека успеваат  во таа своја мисија е нивната книжевна водилка која ги мотивира да создаваат нови дела .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“