Утрински Весник
Македонија

Забрана за камиони на патот Тетово-Попова Шапка

Забрана за камиони на патот Тетово-Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража.Од 12:00 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка и се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
 
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати

Трендафилов: Не туркајте не на улица, минималната плата е прашање на живот

Онлајн пазарувањето ги празни трговските центри, трендот расте и во Македонија